СТРАНЦИТЕ „ПОЛУДЕЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКОТО ВИНО, АМА „НЕ ГО ДАВААТ“ И НАШИТЕ - како „Тиквеш“ направи приход од 22 и пол милиони евра

Винарската визба Тиквеш држи лекции за тоа како успешно се работи. Во првото полугодие од годинава компанијата предводена од Светозар Јаневски оствари чист профит од 1,67 милиони евра, што е зголемување за 206 проценти или за повеќе од три пати во однос на истиот период лани.

Популарната винарија го објави својот финансиски извештај преку Берзата, а од него може да се види дека приходите од продажба на вино кои ги оствари компанијата се зголемени значајно, и тие всушност го сочинуваат убедливо најголемиот дел од приходната страна на компанијата. 

Да одиме со ред. Вкупните приходи остварени од продажбата во првите шест месеци од годинава изнесувале 22,5 милиони евра, и кај нив во однос на истиот период лани е забележано зголемување за 17 проценти. Повеќе на Фактор.мк