Страшна коинциденција: Пред 43 години авион падна во истата река кај Вашингтон, загинаа 70 луѓе, еве што се случи тогаш

Судирот меѓу патнички авион и воен хеликоптер над Вашингтон во вчера вечерта потсетува на слична трагедија што се случи пред 43 години.
На 13 јануари 1982 година, летот 90 на Ер Флорида, на пат од националниот аеродром Вашингтон до Форт Лодердејл, удри во мостот на 14-тата улица пред да се урне во тогаш замрзнатата река Потомак веднаш по полетувањето.
Во авионот имало 70 патници и четворица членови на екипажот. Сите загинале, заедно со уште четири лица кои во тој момент биле во возила на мостот.
Истрагата на Националниот одбор за безбедност на транспортот во тоа време утврди дека несреќата била предизвикана од серија неуспеси - вклучувајќи го и неуспехот на екипажот да отстрани прекумерен мраз и снег од крилата и моторите на авионот пред полетувањето.
Капетанот на летот бил одговорен што не го прекинал полетувањето, иако бил свесен за неповолните услови.
Инаку, во вчерашната несреќа имало повеќе од 60 луѓе. Неколку членови на заедницата за уметничко лизгање биле во авионот, соопшти американското раководно тело. Американскиот претседател Трамп, судирот во воздух меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на Американ ерлајнс го оцени како „лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи“.„Авионот беше на совршена и рутинска линија на приближување до аеродромот. хеликоптерот се движел директно во авионот подолг временски период.. зошто хеликоптерот не се качил, ниту спуштил, ниту пак се свртел. зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави наместо да праша дали го виделе авионот“, напиша Трамп на својата платформа „truth social“.