Суперклеточното невреме однесе и сплав, не успеаја сите да избегаат: Хаос во Србија, Хрватска и Словенија
Сташното невреме синоќа ја погоди Србија, кое претходно мина низ Словенија и Хрватска, оставајќи зад себе разорни штети во сите краишта
Невремето беше придружено со силен ветер, дожд и грмежи, а налетите на ветерот достигнаа брзина и до 200 километри на час. Невремето ги погоди административните области Мачвански, Сремски, Јужнобачка, Јужнобанатски, Шумадијски и градот Белград.
Припадниците на Одделението за вонредни состојби храбро интервенирале за време на невремето и успеале да спасат 15 лица. Десет лица, меѓу кои пет деца, се спасени од шумата во Беочин, населба Дунав, додека една жена е спасена од автомобил во Бегеч. Во Нови Сад пожарникарите успеаја да извлечат маж од чамец на кој падна дрво на островот Рибарски.
Во Крагуевац пожарникари-спасувачи спасиле и три лица и биле ангажирани на гаснење пожари на отворени простори и станбени згради на повеќе локации.
За жал, невремето предизвика и човечки жртви во регионот. Четири лица загинаа во невремето во Хрватска, додека едно лице загина во Блед по пад на дрво поради силно невреме, а едно лице загина во Брчко.
Добрата вест е што реките не се излеани, а патиштата се проодни. Но, поради невремето синоќа привремено беше затворен аеродромот Никола Тесла.
Суперклеточното невреме синоќа најпрво ја зафати Сремска Митровица каде ветерот носеше се пред себе.
- Во Сремска Митровица никој не очекуваше дека невремето ќе биде толку силно. Еден сплав се ослободил од подлогата и невремето ја однело целата марина и чамците заедно со тој сплав. Некои луѓе успеале да побегнат, но некои останале внатре. Затоа спасувачките екипи мораа да дејствуваат. За среќа нема жртви - јави дописничката Александра Дражиќ.