Свештеникот од Титаник кој одби да се спаси додека другите умираа (ФОТО)

Спасувачките тимови се во трка со времето откако туристичка подморница со пет лица исчезна за време на нуркање до потонатиот брод Титаник.

Но, како спасувачите се обидуваат да го пронајдат пловилото што исчезна пред речиси два дена во огромните длабочини на Атлантскиот Океан, и какви предизвици ќе има кога ќе го сторат тоа?

Еве една интересна приказна од Титаник.

Томас Билс бил свештеник осум години пред да тргне на последното патување по Титаник.

Тој добил покана за свадбата на неговиот помлад брат Вилијам од Њујорк, кој сакал Томас да биде тој што ќе ја изврши церемонијата. Поради ова, свештеникот ја напуштил својата парохија и се качил на Титаник.

Отец Томас купил билет и станал еден од патниците на Титаник кога овој брод тргнал на судбоносното патување на 10 април 1912 година.

На последното утро од патувањето, на 14 април, Томас ги исполни желбите на некои патници во бродот и служеше миса за патниците од втора и трета класа.

Откако Титаник, нешто пред полноќ, удрил во санта мраз и почнал да тоне, отец Томас почувствувал дека е негова должност да им помогне на исплашените патници - духовно, но и физички.

Два пати одбил да се качи на чамецот

Преживеаните од бродот подоцна сведочеа дека свештеникот двапати одбил да се качи на чамецот за спасување. Наместо тоа, тој им помогна на патниците од трета класа да стигнат до повисоките нивоа, пишува istoriskizabavnik.rs.


Дури и кога почнала општа паника и станало јасно дека нема доволно места во чамците за сите, свештеникот одбил да се спаси. До самиот крај, тој се молел, и ги исповедувалпатниците кои биле заробени на бродот што тоне откако сите чамци одамна биле спуштени во ледената вода.

Телото на пречесниот Томас Билс никогаш не било пронајдено. Католичката црква го започна процесот на негова канонизација.


Отец Томас Билс беше накратко прикажан во филмот „Титаник“ од 1997 година.


Фото: Твитер - Youtube - screenshoot

Видео: Youtube