Светот е премногу суров: Сиромав возач удри во скап автомобил, неговата реакција крши срца
Невообичаена несреќа што се случи во градот Гуијанг во кинеската провинција Гинџу, ги растажи срцата на корисниците на Интернет ширум светот. Мал трицикл за испорака удри во задниот дел на скапиот Ролс-Ројс Гоуст.
Почетната цена на Гоустот во Кина е 4,2 милиони јуани, па затоа е јасно дека и најмалите поправки се екстремно скапи. А, тоа е камен околу вратот за обичен возач на трицикл затоа што според кинеските прописи, оној што ќе удри во задниот дел на друго возило е автоматски виновник за несреќата. Да биде уште полошо, возачите на трицикли за достава обично не се осигурани, ниту лично ниту на ниво на компанија, од свој џеб тие мораат да ја платат штетата што ја прават.
Постојат многу тажни приказни за возачи на трицикли, велосипеди и мини-комбиња кои банкротирале по судирот. Јавноста повика на нови закони за заштита на овие луѓе, но засега без резултат.
Затоа не е изненадувачки што возачот на трицикл плаче како мало дете по судирот, иако се чини дека штетата на Ролс Ројс е минимална. Сепак, дури и малата поправка чини неколку годишни плати на сиромашен возач на трицикли.
извор:beograd.in