Светот е шокиран: Најретката риба- проѕирна глава и зелени очи

Додека научниците од Институтот за истражување на аквариумот во Монтереј Беј (MBARI) ги истражуваа длабочините на Тихиот Океан во близина на брегот на Калифорнија користејќи возила за големите длабочини, снимија едно сосема неверојатно суштество.

Тоа е Opisthoproctus soleatus - длабокоморска риба со проѕирна глава, позната главно од книги и музејски експонати. За прв пат е опишана во 1939 година, а само мал број луѓе имаа можност да го видат во живо.

„Возилата на далечинско управување MBARI Ventana и Doc Ricketts направија повеќе од 5.600 успешни нуркања и снимија повеќе од 27.600 часа видео, но оваа риба ја видовме само девет пати“, се вели во описот.

Надреалната риба има две мали вдлабнатини во кои обично се наоѓаат очите, но во реалноста нејзините очи се две светлечки зелени топчиња, кои гледаат нагоре кон врвот на главата. Оваа структура и овозможува на Opisthoproctus soleatus да ја скенира водата над неа во потрага по храна.

Очите на оваа риба, покрај нивната чудна форма и местоположба, се карактеризираат и со повеќеслојна мрежница на голема површина: се со цел подобро да гледаат во темнината. 

Студијата од 2019 година покажа дека необичните очи на оваа риба можат да се вртат во проѕирната глава, овозможувајќи им да бараат храна не само над, туку и пред нив. Исто така, оваа структура на окото ја штити рибата од сончева светлина кога е во плитка вода.

Очите светат со светло- зелена светлина, а истражувачите веруваат дека Opisthoproctus soleatus развила облик на филтер што и овозможува да ја игнорира сончевата светлина и да ја забележи биолуминисценцијата на малите риби и медузите со кои се хранат овие риби.

Морските биолози, исто така, открија дека рибата ги користи своите големи рамни перки за да остане смирена во водата.

Примерокот од видеото е пронајден на длабочина од околу 600 метри во заливот Монтереј во близина на брегот на Калифорнија.

Погледнете:


Извор: National Geograplic

Фото: Youtube- принтскрин