Светот не престанува да го интригира „Жената лилјак“: Дали таа ќе ја промени сликата за коронавирусот?
Светската јавност пишува за вирологот Ши Женгли од Вухан, Кина, која ја откри коронарната секвенца на вирусот набрзо откако првиот случај беше пријавен во декември 2019 година во овој кинески град. Таа е повторно во очите на јавноста поради новото интервју во кое открива нови детали за нејзиното истражување и притисокот од кинеските власти на кои е изложена.
За „Жената лилјак“ како што ја нарекуваатпишуваше и реномираниот „Мирор“ кој наведува дека нејзиното откритие на КОВИД-19 било мистерија бидејќи кинеските власти го диктирале темпото на утврдување на факти за новиот вирус.
Женгли е една од најголемите светски истражувачи за коронавирусите, откако откри десетици смртоносни вируси слични на САРС во пештерите на лилјаци - од каде потекнува нејзиниот прекар. Таа студирала примероци од првите пациенти во Кина кои заболеле од мистериозна респираторна болест и открила дека болеста е слична на САРС.
Таа го идентификуваше новиот вирус во рок од три дена, откривајќи дека тој е 96 проценти ист како вирусот пронајден кај лилјаците во Јунан. Ваквото откритие обично трае со месеци, а понекогаш и со години, но таа тоа го стори во рекордно време.
Кинеската новинарка Гао Ју разговарала со оваа жена додека била во затворот во Вухан (таа поминала два месеци таму), и и‘ рекла дека нејзините откритија се сокриени, објави неодамна кинески магазин.
„Откривме дека Институтот, каде работи уште од 2 јануари, има завршено секвенционирање на гени и слични тестови, но резултатите беа прекинати“, рече новинарката, додавајќи дека податоците за секвенционирање биле објавени само една недела подоцна.
Кина веќе подолго време крие информации за новиот вирус, но секако, ова е една страна на приказната. И од таа страна „Жената лилјак“ чие откривање на новиот коронавирусвирус и е најголемо откритие во 16 години научна работа.
Кога на 30 декември добила повик за ситуацијата со Вухан, таа знаела дека нешто страшно се појавува и се плашела дека е „ослободен“ вирус од лабораторијата во која работеше. Тогаш била на конференција надвор од градот.
Двајца пациенти со невообичаена пневмонија биле регистрирани во Вухан во тоа време. Центарот за контрола и превенција на болести и напоменал дека новиот вирус може да биде смртоносен за јавнотото здравство.
Таа се вратила со воз во Вухан и работеше со тимот нон-стоп за да го открие генетскиот код на вирусот, кој наскоро се прошири како шумски пожар ширум светот.
Ши не очекуваше дека коронавирусот ќе се појави во централна Кина, бидејќи во текот на долгогодишното истражување докажа дека суптропските области на Кина се изложени на најголем ризик за пренесување на вирусот од животни на луѓето, а не Вухан, кој се наоѓа во централниот дел на земјата.
Од 2004 година, Ши Женгли ги истражуваше пештерите во близина на Нанинг со тим од експерти.Таа рече дека работата е често фрустрирачка. Таа исто така беше дел од тимот кој го испитува потеклото на САРС, кога научниците од Хонг Конг откриле дека наездата потекнува од домаќинот - цибатка.
Во моментов, 3,025,737 луѓе се заразени со коронавирус, починале 209.002 лица, а 893.222 се излечени.
Фото: ProfimediaИзвор: „Zena“