Светот нема да биде побезбедно место во иднина: Погледнете какви подземни засолништа купуваат богатите

И додека луѓето ширум светот се штитат од коронавирусот со медицински маски, оние со длабоки џебови бараат побезбедни, трајни решенија.

Богатите луѓе ширум светот купуваат бункери, засолништa. Денешните бункери се полуксузни од кога било, а компаниите што ги градат имаат полни раце работа.

Главниот извршен директор на компанијата Texas Rising S, Гери Линч изјави уште во 2016 година дека интересот за високо луксузни подземни бункери никогаш не бил поголем, а бидејќи е прогласена пандемијата на коронавирус, неговиот телефон не престанал да ѕвони.

„Имаме повеќе модели на бункери. Најлуксузен е Аристократ, кој има базен, сауна, теретана, зелени површини и гаражи“, рече Линч.

Рон Хабард, директор на „Атлас Survival Shelters“, рече дека тие промовираат засолништа наречени Безбеден подрум, кои ги инсталираат во одреден дел од домот.

„Може да се наоѓа под дневната соба, кујната или гаражата и се состои од безбедна просторија, винарска визба и оклопна просторија“, објасни Хабард.

И додека некои претпочитаат да бидат сами со себе, други сметаат дека е поинтересно да се преживее во заедница која нуди поживо искуство како во реалниот свет.

Повеќето вакви засолништа можат да сместат неколку стотици луѓе, а вклучуваат намирници за една или повеќе години и имаат хидропонски градини. Дизајнерите за развој, исто така, работат на создавање заедници со членови запознаени со различните вештини потребни за долгорочен опстанок, од лекари до наставници.

Главниот извршен директор на Вивос, Роберт Вичино, рече дека објектите се опремени како мал град и имаат театар, училници, градини, клиника, бања и теретана. За оние што бараат уште повеќе луксуз, компанијата нуди и Vivos Europa One, единица претставена како модерна Арка на Ное, во поранешен магацин за воена опрема во Германија.

Тој вели дека милиони се заинтересирани за овој вид засолниште, но тој не е сигурен кога ќе се отвори.

„Не ни требаат засолништа за карантини, туку сè што ќе дојде подоцна. Сè додека има потреба, ќе градиме засолништа. Овој свет нема да стане побезбедно место“, заклучува Вицино.

Членови на светската елита, како Бил Гејтс, за кој се шпекулира дека има бункери на секој негов имот, бараат бегство од апокалипсата во бункери кои можат да издржат нуклеарен напад, астероиди, војни и пандемии.