Светот плаче: Татко кој ги донираше органите од починатиот син доби неочекуван подарок (ВИДЕО)

За Џон Рид од Вирџинија светот застана минатата година. Неговиот шеснаесетгодишен син Дакота загина во сообраќајна несреќа.

Во најтешките моменти кои може да ги доживее едно живо битие, овој татко решил да ги донира органите на своето дете за да им даде шанса на другите да живеат.

Донирани се шест органи, меѓу кои и срце.

Деновиве Џон доби необичен подарок кој го доведе до солзи.

Човекот кој добил трансплантација на срце од синот на Џон му испратил плишано мече со снимка од срцето на Дакота како чука во градите на примателот.

Трогателното видео покажува како таткото го држи плишаното мече до увото и го слуша чукањето на срцето на својот син.