Забава // Занимливости
Таа роди брат близнак на нејзиниот син, 10 години по неговото раѓање
- 19 Јуни, 2020
Жена во Кина роди близнаци на временско растојание од 10 години, пренесува Њујорк пост.
Мајката, идентификувана од локалните медиуми само како г-ѓа Ванг, роди здраво бебе од замрзнат ембрион во вторникот 10 години по раѓањето на првиот син. Двата ембриони биле формирани во ист циклус на ин витро оплодување. Едниот беше всаден од лекарите веднаш, додека другиот ембрион беше замрзнат 10 години.
„Од медицинска перспектива, тие се браќа близнаци“, рече д-р Женг Јeи, експерт за плодност во болница во Хубеи.
Ванг се обидувала да забремени пет години пред вештачко оплодување. Првиот син го добил прекарот Лулу, а новороденчето се вика Тонтонг.
Двете близнаци тежеа 3,12 килограми при раѓањето и двајцата се родени со царски рез. Таткото на децата рече дека се одлучиле за ново бебе откако Лулу им рекол дека би сакал да има брат или сестра.