Тајната на египетските гробници крие ужасна вистина (ВИДЕО)
Пирамидите никогаш нема да престанат да ги заинтригираат луѓето, а научниците познати како „астроегиптолози“ имаат нова, подеднакво шокантна теорија за тоа за што служеле.
Повеќето од пирамидите и гробниците во кои археолозите успеале да влезат биле празни. Гробот на Тутанкамон е еден од ретките во кои се сочувани богатства и ја формираат основата на египетскиот музеј. Затоа верувањето дека биле ограбени од крадци е и денес важечко. Ама, дали е тоа навистина така?
Повеќето од пирамидите се огромни згради во кои се кријат долги и тесни ходници. Внатре се празни гранитни ковчези. Една од најголемите енигми се ковчезите на Серапеум.
Овој локалитет во Сахара е најпознат по скаплестата пирамида на Зосер, но внатрешноста на подземјето е неспоредливо поинтересна. Имено, пронајдени се 24 гранитни гробници и сите биле празни. Единствените тела пронајдени тука биле мумифицирани бикови. Секој од овие гранитни ковчези тежи 70 тони. Гранитот, патем, беше донесен од Асуван.
Ерих фон Даникен, легенда меѓу борците кои веруваат дека вонземјаните ја посетиле Земјата, го поставил вистинското прашање: Како ги преместиле плочите од гранит и ги донеле под земја? Исто така, како успеале да ги пренесат низ тесните ходници на аглите?
„Што ако воопшто не биле гробници, тие ковчезите се користени за пренос на тела“, праша Роберт Баливал, египтолог.
Древните Египќани имале многу развиено верување во задгробниот живот, во кое основната идеја е да се пресели во нов живот по смртта. Египетската книга на мртвите детално ја опишува оваа транзиција, а обредите за смрт и погреб се подготовка за одење во кралството Озирис.
- Мислам дека гранитните гробници имаа подлабоко значење и дека тие служеа како портал за обединување и преминување во друг свет, односно спојување на душата со друга димензија - заклучува Даникен, а пренесува магазинот Новости.