ТАЈНАТА НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ТИТАНИК: Гордоста на СФРЈ- потоа мистериозно ИСЧЕЗНА

фото:принтскрин/JUGOSLOVENSKI TITANIK - Ceo Film DOKUMENTARAC

Берге Истра беше гордоста на СФР Југославија, а потоа мистериозно исчезна во Змејскиот триаголник во Ѓаволското море.

Бродот „Берге Истра“ беше најголемиот брод што СФРЈ го изгради за богат норвешки бродосопственик, познат и како „Југословенски Титаник“, кој потона пред 46 години во една од најтешките поморски несреќи во тоа време. И по речиси половина век не се познати официјалните причини за трагично изгубената гордост на Пула и југословенската бродоградба, која исчезна од радарот пред дочекот на Новата 1976 година во „озлогласеното“ Ѓаволско Море. 

Таа ноќ животот го загубија 30 членови на екипажот, а за бродот беше платен рекорден осигурителен надомест. Остануваат бројни шпекулации и теории на заговор за оваа трагедија.
Погледнете го документарниот филм „Берге Истра“ во режија на Дражен Мајиќ кој открива детали за оваа мистерија: