Тајната на најпознатиот динар: Никој друг, туку Ром е на сликата
Требаше да симболизира среќен и задоволен
работник во младата југословенска индустрија, сето она што тој никогаш не бил
На познатата банкнота со насмеан рудар од поранешна Југославија не стои, како што многумина мислат, фотографија од рударот Алија Сиротановиќ, рекордерот на поранешната држава во ископ на јаглен, туку Ариф Хералиќ, Ром од Зеница.
Тој го одбележа времето на подем и надеж во повоена Југославија, а Сиротановиќ го одбележа периодот на самракот на просперитетот кој навестуваше крвави 1990-ти.
Хералиќ бил фрлач, работник во високи печки, чиј живот бил обележан со трагедии. Во Зеница дошол од Маглај, каде што за време на Втората светска војна усташите убиле педесетина членови од неговото семејство, а татко му и браќата пред негови очи. Хералиќ живеел скромно во населбата Црквице во Зеница. Имал дванаесет деца, но само седум од нив преживеале до училишна возраст.
Novi film, hiljadarka. Valjda će ljudi sada naučiti da ovo nije Alija Sirotanović nego Arif Heralić, livac iz Zenice. pic.twitter.com/Pp7K89Zk9Y
— EmiL (@ViktorPrvi) September 10, 2015
Поради тешкиот живот и бројните трагедии, Хералиќ се препуштил на алкохолот, а во 1971 година починал во тешка беда. Фотографот на белградската Борба го овековечи неговиот лик, кој најпрвин беше на југословенската банкнота од 1.000, а подоцна поради деноминација и редизајн на банкнотата од десет динари и требаше да симболизира среќен и задоволен работник во младата југословенска индустрија, сè што тој никогаш не бил..
Станот го отстапилна оние кои немале сместување
Во 1935 година, рударот во рудникот за јаглен Крека, Сиротановиќ, во една смена ископал 17 тони јаглен и со тоа наводно го надминал Русинот Алексеј Стаханов, кој тогаш бил недостижен рудар. Иако оваа неформална конкуренција беше актуелна во времето на најжестокиот конфликт меѓу Тито и Сталин, ликот на Алија заврши на банкнота од 20.000 динари дури во 1987 година. Но, набрзо беше повлечена поради монетарната реформа на Анте Марковиќ.
Ликот на Хералиќ беше многу попознат, но анегдотите од животот на Сиротановиќ беа многу повесели и посоодветни за целите на политичката пропаганда, па затоа тие двајца често се мешаат. Една од неговите најпознати анегдоти е кога, наводно, за време на посетата на Тито во рудникот „се пожалил“ на условите за работа, велејќи: „Ми треба поголема лопата за подобро да работам“. Иако работел со пневматска дупчалка, а не со лопата, легендата вели дека Алија ковал лопата двојно поголема од другите и на тој начин продолжил да руши рекорди.
Arif Heralić, el currante sonriente, icono del trabajador https://t.co/1TZjDM4Dgv pic.twitter.com/6JMDKMoz6s
— Pretendemos Gitanizar el Mundo (@GitanizandoWorl) April 24, 2018
Тој го одбил понудениот стан во Бреза и им го дал на оние кои немале обезбедено сместување, а кога од Тито добил „автомобил по свој избор“ одбрал фиќо. И денес неговите потомци на радио зборуваат за него. „Кога умре Тито, дедо ми плачеше три дена“, вели неговата внука во интервју за „Загребска Арена“.
Alija Sirotanović
— Marijana Funčić (Tianxia) (@funcic1509) August 6, 2017
Rudar sa SFRJ novčanica koji je od Tita tražio samo jedno - veću lopatu
Srećan dan rudara svima koji slave! pic.twitter.com/4ox8eDzl1q
Денес, една улица во Бреза го носи името на Сиротановиќ, а неговата биста стои во кругот на рудникот. Почина во 1990 година, повторно симболично, во време кога исчезнуваше државата во чија бајка беше еден од најпознатите херои.
Фото: Твитер