Забава // Занимливости
Тајното значење на кореографијата на Констракта го полуде светот: Ова е вистината
- 14 Мај, 2022
Српската претставничка на Евровизија во Торино вечерва за време на финалната вечер ќе настапи под реден број 24.
Песната „In Corpore Sano“ на Ана Ѓуриќ привлече големо внимание, како и кореографијата која стана хит ширум светот.
Мавтањето со раце на Констракта додека пее „уметникот мора да е здрав“ го имитираат многу луѓе ширум светот.
Познатиот дел од кореографијата е на знаковен јазик. Имено, полукружното движење на кренати раце е всушност аплауз на јазикот на глувонемите.
Сепак, има и такви кои на социјалните мрежи тврдат дека движењата во кореографијата на уметницата не се баш исти со оние што всушност значат аплауз.
Извор: www.espreso.co.rs