Така невино, а го уби македонскиот крал?
Александар Македонски најверојатно починал како резултат на труење со токсично растение кое било користено за зачинување на виното што го пиел, тврдат научниците од Нов Зеланд.
Познатиот владетел и војсководач, кој освои територии од северна Грција до северна Индија, починал на 33-годишна возраст (323 п.н.е.) по 12-дневна агонија, за која многу историчари веруваат дека е предизвикана од треска.
Истражувачите од универзитетот Отаго во Нов Зеланд се сомневаат дека виното што го пиел Александар за време на церемонијата во Вавилон, било зачинето со растение кое станува отровно со ферментација.
Според „Дејли меил“, до овој заклучок дошол доктор Лео Шеп, токсиколог од Националниот центар за отрови на Нов Зеланд, кој го пронашол наводно виновникот за смртта на славниот освојувач во кукурекот (helleborus), растение со потполно безопасен изглед.
Тој изјави дека некои теории за труење со арсен и стрихнин не се веродостојни, затоа што смртта би се случила многу побрзо.
Во една студија што ја напиша заедно со експерт за античка историја, д-р Пат Витли, и која беше објавен во медицинскиот журнал „Клиничка токсикологија“, Шеп изјавува дека најверојатен виновник veratrum album, познат како бел кукурек.
Овој цвет, кој може да го претвори виното во отров, беше добро познат на античките Грци кои го користеа тоа за да предизвикат повраќање.
Д-р Шеп верува дека може да се искористи за објаснување на последните денови на Александар поминати во најстрашните маки, кога тој ниту можел да зборува ниту да оди.
Истражувачот од Нов Зеланд изјавува дека виното морало да биде многу горчливо, но дека можеби му се додало шеќер, а Александар веројатно бил многу пијан на банкетот во секој случај.
Кукурекот е тревно растение.
Листовите се сино-зелени, а цвеќињата се во различни бои во зависност од видот на кукурекот, од кои има 20.
Се смета за еден од пролетните предвесници. Расте во борови и букови шуми, го има насекаде низ Македонија, но честопати се одгледува како цвет во саксија. Припаѓа на отровните растенија, така што се користи исклучиво за естетски цели.