Татко ѝ ѝ оставил богатство, а таа прима социјална помош: Девојка избрала беден живот бидејќи не сака да исполни услови од тестаментот
Се нарекувам бедна милионерка, бидејќи постојано сум без пари и не можам ништо да сторам околу тоа
Клер Браун (26) од Австралија неодамна стигна до сите медиуми кога беше откриено дека го наследила богатството на нејзиниот покоен татко кое се мери во милиони долари, но бидејќи не сака да ги исполни условите што тој ги поставил во тестаментот, ѝ бил оневозможен пристапот до пари со кои би се решиле нејзините животни проблеми.
Според тестаментот, Клер треба да најде постојана работа и да „придонесе за заедницата“ за да добие пристап до 12 милиони долари, но таа одбива, нарекувајќи ги условите нереални и оправдувајќи ја својата здравствена состојба. Во исто време оваа девојка живее од социјална помош.
„Разбирам зошто моето семејство бара од мене да бидам функционален член на општеството, но мора да ја погледнете мојата здравствена книшка за да разберете дека тоа нема да се случи. Не можам да научам да возам затоа што имам АДХД (нарушување на дефицит на внимание)“, се правда Браун.
Broke heiress is blocked from accessing her 12MILLION fortune until she fulfils her father's final wish to get a job - but instead of working she is contesting the will https://t.co/JzvwJTklKj
Таа моментално живее во едно од западните предградија на Сиднеј со нејзиниот сопруг Лорен и нивната ќерка, што е далеку од нејзиното растење на источната страна на градот, каде што била безгрижна и учела во најдобрите училишта.
Нејзиниот татко Крис бил успешен трговец на берзата, каде што заработувал богатство и честопати и давал на својата ќерка 500 долари неделно, но кога прекинал, таа била принудена да побара помош од државата.
Кога Крис починал на почетокот на оваа година, тој ѝ оставил семејно богатство само со два услова - да се вработи и да придонесе за општеството, кои се работи за кои Клер смета дека се невозможни.
„Себеси се нарекувам бедна милионерка, бидејќи постојано сум без пари и не можам да сторам ништо околу тоа. Дајте ми го тоа што ми припаѓа по закон! Јас страдам! „Можете ли да престанете со тоа „добиј работа“, тоа нема да се случи“, го прашала Клер семејството.
Наследничката тврди дека има сериозно нарушување на вниманието кое ја спречува да ја исполни последната волја на нејзиниот покоен татко, со што се согласува и Лорен, додавајќи дека и е потребен целосен список на обврски за да може нормално да функционира секој ден.Нејзиното семејство, пак, вели дека тоа се само изговори за избегнување на исполнувањето на желбите на Крис.
„Наместо да ја исполни желбата на починатиот татко, таа одби. Веќе не сме паметни, не и направивме ништо, само ја сакаме“, изјави братучедот на Клер, Џими.
На прашањето дали сака да се вработи, 26-годишната одговорила со „да и не“, наведувајќи ги повторно здравствените проблеми.
„Јас го сакам само она што ми припаѓа. И сакам овие луѓе да престанат да ме притискаат и да се надеваат дека некогаш ќе се вработам“, рече Клер, додавајќи дека од нејзиниот „случај“ може да се напише бизарен холивудски филм.