Тажната вистина за најголемиот хит на АББА: Создадена е во најболниот период од животот на двајца членови

Агнета Фалтско, познатата шведска пејачка од легендарната АББА, помеѓу останатото го отпеа и еден од најголемите хитови на познатата група, „The winner takes it all“, за која кажа дека и е една од најдрагите, а за која многумина не знаат дека настанала кога таа и Бјорн се разведувале.

Агнета на 15 години одлучила да го напушти училиштето и својот живот да го посвети на музиката. Четири години подоцна, на снимањето на една телевизиска емисија, го запознала пејачот Бјорн Улваеус и се заљубила во него.

Непосредно пред тоа, пејачката Ани - Фрид Лингштад започнала врска со пријателот и соработник на Бјорн, Бени Андерсон. Двете двојки наскоро заминале на заеднички одмор на Кипар и таму првпат се родила идејата за формирање на заедничка група.

Групата настанала во далечната 1973 година, а една од најпознатите песни, „The winner takes it all“, има и своја посебна историја, бидејќи настанала во моментот кога Агнета и Бјорн се разведувале.

Летото 1980 година, кога нивната бракоразводна парница била во тек, Бјорн почнал да работи на песната која зборува за крајот на врската. Подоцна кажал дека никогаш побрзо не напишал текст, а во тоа му помогнало и вискито: „Бев пијан и целиот текст ми дојде низ наплив на емоции за само еден час“.

Призна дека искуството со разводот, всушност било инспирација за песната, а кога првпат ѝ ја покажал на Агнета таа заплакала.

Десет дена по официјалниот судски развод, групата на шведскиот остров Марстранд го сними спотот, кој го режираше познатиот режисер Ласе Халстром.

„The winner takes it all“ е издадена како водечки сингл од албумот „Super Trouper“ и веднаш се најде на самиот врв на топ - листите во бројните европски земји, а Британците во 2006 година ја прогласија за најомилена песна за раскинување.

Она што е најново од оваа група е тоа што тие повторно ќе се обединат.

– Шведската поп-група „АББА“ можеби подготвува изненадување за обожавателите, бидејќи Твитер-корисник под името „ABBAVoyage“ и интернет-страна со истото име се појавија на мрежата вчера. „Придружете ни се“, гласи твитер-објавата што ги повикува обожавателите да бидат „први што ќе слушнат“ повеќе за „АББА Војаж“.

 Агенцијата за односи со јавноста ЗАП-ПР ја потврди автентичноста на интернет-страницата, јави ДПА.  Гласините говорат дека изненадувањето може да биде нова песна, нов албум, или пак, дури и нова турнеја. Составот сочинет од Агнета Фалцког, Ани-Фрид Лингштад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон снимаа нови материјали во 2018 година, кои сѐ уште не се објавени. На почетокот на оваа 2021 година, Улвеус рече дека песните ќе бидат објавени годинава.

фото: LINDEBORG / AFP / Profimedia