Телохранителот ги откри најлошите навики на популарната двојка и зошто тој никогаш повеќе нема да работи со нив
Стив Станулис беше телохранител на Кање Вест и ги откри бројните навики на славниот музичар и неговата сопруга Ким Кардашијан.
Поранешниот телохранител на раперот Кање Вест, Стив Станулис откри како живее познатиот музичар, но и неговата сопруга Ким. Станулис е поранешен полицаец, а за американските медиумиоткрил смешни правила и рекол дека Вест е еден од најомразените луѓе со кои работел.
Телохранителот вели дека раперот бил бесен и напнат од првиот ден од нивната соработка затоа што Станулис не знаел кое копче да притисне во лифтот во студиото каде што Вест креира облека за својот моден бренд. Кање викал затоа што во тој момент мислел дека Станулис е целосно неподготвен.
"Му реков дека можеме да го сториме тоа на три начини. Првиот е да ми кажете што е клучот, така што ќе знам во иднина. Второто е тој да го притисне клучот и да ми покаже како функциноира исто така за да знам во иднина. И третиот е да останеме во ливтот цел ден и тој да ми објаснува колку е важно неговото време “, рече Станулис во интервјуто, истакнувајќи дека ваквите ситуации биле вообичаени.
Кење барал од телохранителот секогаш да оди седум метри зад него, што ја отежнувалонеговата заштитничка работа бидејќи е премногу далеку во случај да се случи нешто. Тој го оцени раперот како негов најлош клиент и рече дека е ужасно напорен и не дава добри совети. Телохранителот вели дека никогаш повеќе нема да работи за него, пишува Дејли Меил.
Тој исто така го коментираше и грабежот во Париз во 2016 година и вели дека Кање не му дозволувал да се приближува кон него и Ким, тие никогаш не биле во истото такси додека патувале, а не му било дозволено да седне со нив на иста маса додека вечерале.
„Ким Кардашијан е посебна приказна. Не би зборел за неа, не бев нејзин телохранител“- додава Станулис.
Станулис има работено со голем број на sвезди, а негов омилен клиент е Тоби Мегваер, за кој вели дека е еден од најдобрите луѓе со кои некогаш се запознал. Сакал да работи и со Аланис Морисет, Мет Дејмон и Бен Афлек.