Телото на Џорџ Флојд изложено во ковчег со златна боја како симбол на љубов и пријателство
- 08 Јуни, 2020
Афроамериканецот Џорџ Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец со колено го притисна на вратот и го држеше 8 минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност во САД и светот.
Денес во Хјустон ќе биде погребан. а предвидено е неговото тело да биде јавно изложено шест часа, на комеморацијата во Хјустон, по што ќе биде погребано.
Пред погребот, комеморативни служби за Флојд беа одржани во Минеаполис, каде беше убиен и во Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.
Во меѓувреме, градските власти одлучија да се расформира локалната полиција во Минеаполис.
Инаку, ковчегот е во златна боја. Симболиката вели дека таа боја е поврзана со мудрост, љубов, концентрација, сила, оптимизам и пријателство. Бојата на духовноста.
Извор. Abcnews