Тениски терен под вода во Дубаи

Откако тениското игралиште беше изградено на врвот на хотелот Бурџ ал Араб, во Дубаи се прават подготовки за изградба на терен под вода...

За овој проект бил ангажиран полскиот архитект Криштоф Котала, кој предложил да се изгради подводен тениски комплекс во Персискиот залив, помеѓу островите Бурџ ал Араб и Палм Џумеира. Спортскиот комплекс ќе биде дизајниран со масивен заоблен покрив, а ќе содржи вкупно седум тениски игралишта. Една од најдобрите работи во целиот проект е тоа што покривот ќе биде целосно проѕирен, па и играчите и публиката ќе можат да уживаат во прекрасниот морски пејзаж.

Сепак, засега има проблеми со оваа градба, кои архитектите се уште не успеале да ги решат. Најголем проблем е да се најде едно такво парче стакло кое би ја прекрило огромната спортска арена и би го издржало високиот притисок на водата. 

Котала, сепак, тврди дека ќе се најдат решенија и дека комплексот ќе се гради и дека нема подобро место во светот за ваков проект од Дубаи.