Тешката животна приказна на „Човекот Гасеница“: Роден без раце и нозе, сѐ правел со уста, а другите му ја зголемувале болката
Само со помош на устата Рандијан можел да моти и да запали цигари, да црта и да пишува, а поради својот изглед го добил прекарот Човекот Гасеница.
Нема кој не слушнал за познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ, многумина го нарекуваат чудо од маж. Иако е роден без раце и нозе како последица на ретката болест тетра-амелија, тој со својот пример секојдневно докажува дека невозможното сепак е возможно.
Меѓутоа, пред нашето општество да напредува толку многу што човек без нозе и раце би можел да стане медиумска личност и инспирација за многумина, луѓето со деформитети можеа да учествуваат само во извонредни циркуски претстави и на тој начин да заработат за живот.
Токму ова е приказна за човекот познат како Рандијан, кој исто така го имал овој синдром. Роден во Британска Гвајана во 1879 година без раце и нозе, научил да оди користејќи ги стомачните мускули.
Неговите движења на телото ги инспирираа луѓето да му го дадат прекарот - Caterpillar Man (Човек гасеница). Иако таквиот почеток за повеќето би значел живот без многу шанси за успех, Рандијан решил да ја сврти ситуацијата во своја полза.
Тој бил однесен во Америка во 1889 година од познатиот шоумен, бизнисмен и политичар кој го водел познатиот циркус Тејлор Барнум. Веќе на 18-годишна возраст, Рандијан станал голема атракција и го добил прекарот Принцот.
Неговата точка за мотење на цигари со усни станала една од најпосетуваните. И тоа не бил крајот на неговите достигнувања, кога ја напуштил сцената, го насочил својот живот на корисни работи, па според пријателите тој зборувал неколку јазици, вклучително и хинди и германски. Со сопругата Сара имал дури пет деца.
За секој свој настап облекувал волнена облека, која му била блиску до телото за полесно да се движи низ сцената. Но и тоа да би изгледал како гасеница. Тој бил најпознат по неговата способност да витка цигари со усните и да ги пали, како и да пишува или слика со молив или четка. Тој исто така сакал да изведува шоу за бричење со брич прикачен на дрвен блок, пишува National Geographic.rs.
Неговите колеги рекле дека сите реквизити ги чувал во една кутија, која наводно сам ја направил и ѝ ставил брава. Колку бил популарен говори и тоа што неговата точка со цигарите е снимена и прикажана во филмот „Freaks“ од 1932 година, кој доживеал голема популарност.
Кога починал од срцев удар во 1942 година на 63-годишна возраст, неговите пријатели истакнале дека неговата животна приказна послужила како пример за волја.
Фото: Youtube - screenshoot/pinterest
Видео: Youtube