Тежел 383 килограми и се капел во корито бидејќи не можел да се смести во када: „Ја изгубив невиноста на 36 години, сега дури можам да уживам во љубовта“, вели откако ја преполови тежината
Кејси Кинг (38) имал алармантни 383 килограми, успеал да ја преполови тежината со што се преродил во животот
Тој е ѕвездата на реалното шоу „Family By The Ton“ чија приказна ја прикажа TLC, а ѕвезди на ова шоу беа и неговите браќа, па сите заедно имаа 997 килограми. Кејси направи баријатриска операција по што ослабе 272 килограми, а рече дека сака да ослабе уште 12 килограми.
На овој човек од Грузија дебелината му го отежнувала животот, не можел да врши активности кои се вообичаени за повеќето луѓе, а бидејќи не можел да се смести во када или туш кабина, бил принуден да се капе во корито, во просторија надвор од куќата, според „Daily Mail“. Пред тоа имал непријатно искуство, заглавување во кабина, по што му рекол на својот татко дека не сака да се изложува на опасност.
„Воопшто не сум се забавувал. Невиноста ја изгубив на 35, 36 години. Никогаш не сум имал девојка. Буквално никогаш не сум се забавувал како до пред година и пол", изјави тој за TMZ.
Кејси Кинг е воодушевен од промените што му ги донесе неговиот нов изглед. „Интимноста е одлична – имаше работи за кои гладувам цел живот“, рече тој, мислејќи на романтичните врски со девојките, додавајќи дека никогаш не бил емотивно близок со никого освен со семејството и пријателите. Новиот живот му донесе неопислива среќа и можности за кои не ни размислувал.
Тој откри дека имал шест емотивни партнери и сѐ уште е несигурен кога ќе се соблече во спалната соба.
„Сексот е супер интимен, но јас сум многу ранлив. Сè уште не сум целосно задоволен со своето тело, па ако не ми е удобно, не можам да опуштам. Чувството е тука, желбата е тука, но мојот ум е едноставно некаде на друго место“, истакна тој.
Кејси планира да се подложи на операција за отстранување на вишокот кожа од слабеењето. Овој човек претходно не бил во брак, а за него се грижел неговиот татко.
„Никогаш не мислев дека на 34-годишна возраст ќе живеам со татко ми, без работа, без пари и само да јадам и да играм видеоигри по цел ден“, рече тој претходно во емисијата TLC.
Спомна дека е големо дете, и дека на крајот од училиштето тежел 136 килограми, а откако се вработил во ресторан, тежината му се зголемила. Најмногу килограми се здебелил кога се вселил кај татко му, кој му удоволувал со храна. Кејси сега има работа и добива големо внимание на Инстаграм, неговата приказна привлече 38.000 следбеници.
Извор: zena.blic.rs