Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

Месецот на штедење во ПроКредит Банка започнува порано затоа што не е важно кој месец е, важно е да се поттикне и негува културата на штедење. Грижата за корисниците никогаш не престанува, затоа ПроКредит креираше нов Орочен депозит кој им овозможува на граѓаните за првпат да добијат повисока каматна стапка за пократок период на орочување.

Под мотото „Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде!“ депозитите во денари и евра, се со рочност од 13 месеци и со уште повисоки каматни стапки.

Каматната стапка на новиот депозит, за штедни влогови во денари, орочени на 13 месеци изнесува 3,7%, односно 2,8% за штедење во евра. Каматите се фиксни за целиот периодна орочување, а минималниот износ на вложување е 6.000 денари, односно 100 евра.

Сите се стремиме кон поголема финансиска стабилност за чија цел потребни се паметни решенија и прифатливи начини за штедење. ПроКредит ги следи потребите на клиентите и секогаш се залага за промоција на културата на штедење целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое Банката посветено го практикува.

Новата понуда за Орочен депозите достапна за сите граѓани и аплицирањето е целосно онлајн на веб страницата на ПроКредит Банка https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

ПР објава