ТИ СИМНУВАМЕ КАПА: Фудбалерот Брозовиќ ја донираше потребната сума за операција на Македонка
Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ, кој игра за италијанскиот клуб Интер Милан, ја покажа својата хуманост на дело, донирајќи го потребниот износ за лекување и пост оперативен третман од 3000 евра на девојката од Македонија која се бори со сопствениот колк и се обидува на било кој начин да го спаси.
Станува збор за Стаменка Менче Трповска, 26 години, која имала една успешна операција, но се случиле неочекувани работи, и повторно е вратена на штаки, не можејќи да ја мрда левата нога.Таа објави фејсбук статус со кој ги замоли сите кои се во можност да донираат, како би можела да собере 3 000 евра и да замине на операција во Србија, сега кога границите се отворени.
Нејзииниот статус беше споделен и на страната на балканскиот фан-клуб на италијански Интер (Inter Tifosi Balkan), каде што брзо потоа Брозовиќ ја видел објавата и ја донирал целата потребна сума.
Погледни во пораките - искоментира Брозовиќ под објавата, алудирајќи дека средствата се донирани.
Синоќа Стаменка се заблагодари на сите кои донираа:
„Ви благодарам многу! Успеавмее! Секогаш верував во моќта на народот!“