Типот падна од 19-ти кат, па ги шокираше и итните служби и присутните и светот

Сите ја знаат приказната за Супермен, човекот кој пристигна на Земјата од планетата Криптон. Излегува дека Супермен е неуништлив на Земјата и дека има посебни моќи со чија помош се бори против злото и сè што и се заканува на нашата планета.

Овој Супермен веројатно не се бори против злото и доаѓа од Русија, но би можеле да заклучите дека е - неуништлив. Имено, неименуваниот жител на Воронеж паднал од 19-ти кат на облакодер, а потоа ладно станал и пеел со лекарите, јавуваат руските медиуми.


40-годишниот маж паднал на Nissan X-Trail кој бил паркиран пред зградата, а соседите и минувачите успеале да го снимат моментот кога „рускиот супермен“ станал на нозе откако го скршил покривот на автомобилот.

Целата ситуација ја потврдиле локалните служби и откриле дека инцидентот се случил околу 20 часот минатиот понеделник. Очевидци тврдат дека „рускиот супермен“ извикал нешто неартикулирано кога паднал.

Во меѓувреме Русинот е хоспитализиран, а тој наводно пеел и ги забавувал лекарите во Брзата помош.