Тогаш половина свет ни завидуваше: Што произведуваше Југославија?
Југославија го празнуваше денешниот датум 29 ноември како државен празник. Се празнуваше цели два дена до 2002 година, кога овој празник беше укинат. Во оваа прилика се сеќаваме на стара Југославија
Голем број жители на поранешната земја утрово се разбудија носталгични затоа што денеска 29 ноември е познат како национален празник кој масовно се славеше во Југославија.
По повод 29 ноември, ви пренесуваме приказна за тоа што се произведувало на нашите простори и по што сме биле препознаени во светот.
На социјалните мрежи веќе некое време кружи мапа со фирми кои постоеле на територијата на поранешна Југославија, а на неа може да се види се што се произведувало во „среќните времиња“. Некои од југословенските производи ги користел буквално целиот свет, а како што пишува Кликс се произведувале бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.
Секако, на мапата се вклучени и компании кои биле производители на облека, храна и други потреби. Сепак, многу од овие компании повеќе не постојат или се под банкрот или полека пропаѓаат.
За време на Југославија во БиХ во ТАС се произведуваше популарниот Фолксваген Голф, како и популарната „Буба“ која се произведуваше со помош на тогашниот УНИС. Муницијата, на пример, се произведуваше во ПРЕТИС од Вогошќа, лидер на наменската индустрија во Југославија.
Во ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор се произведуваа тешки камиони и шлепери, додека лесни транспортери се произведуваа во Застава во Крагуевац. Годишно таму се произведувале околу 200.000 автомобили. Гордоста на воената индустрија во поранешната држава беше СОКО со производство во Босна и Херцеговина, додека државната фабрика за авиони постоеше и во Краљево.
Во Македонија гигантот Астибо ја снабдуваше цела Југославија со квалитетна облека, но и светскиот пазар.
Во Славонски Брод имаше фабрика за вагони, а бидејќи Хрватска има излез на море, таму имаше најмногу бродоградилишта. Сепак, во Србија и Црна Гора исто така имаше бродоградилишта. Кликс наведува дека Уљаник во Пула и 3. Мај во Риека биле на светско ниво и дека во тие бродоградилишта се произведувале најголемите прекуокеански бродови.
Верувале или не, Југославија беше една од петте земји во Европа кои имаа свои компјутери. Веројатно најпознат е Galaxy, додека првиот произведен компјутер е CER-10. Кон крајот на 70-тите, Дигитрон во Буја во Истра и Искра во Словенија почнаа да склопуваат компјутери.
Што се сеќавате од стара Југославија? Пишете ни во коментари.