Тој е постар од неа 23 години: Стартуваат апликација за да им помогнат и на останатите луѓе да се спојат

Експертот за дигитален маркетинг Шелдон Овен и Шанис Риверс се деловни и љубовни партнери. Се верија по три години врска и неодамна започнаа сопствен бизнис инспирирани од својата врска.

Сфатиле дека постојат многу парови како нив и луѓе кои бараат партнер со кој ќе имаат голема разлика во годините.

„Постојат многу успешни парови кои, како и ние, ги дели голема разлика во годините. Тоа го бараат, но немаат каде. Преку глава им е од апликации како Тиндер. Поради тоа одлучивме да направиме апликација која ќе им помогне да ја пронајдат љубовта на својот живот“ - тврди парот од Калифорнија.

View this post on Instagram

A post shared by iagegap.com (@iagegap) on


Со врските на Шелдон со Фејсбук, Твитер, Снепчет и Линкед собрале повеќе од 100.000 долари за апликацијата.

„Нашиот заеднички пат благо кажано беше интересен. Разликата во годините е голема, а освен тоа таа е Афроамериканка, а јас белец. Негативни коментари добиваме само од потполни странци“ - вели Шелдон.

Семејство, вели, потполно ја поддржува нивната врска. Не им пречат негативните коментари, па следната година планираат венчавка, а наскоро се надеваат и дека ќе засноваат семејство.

„Многу сме заљубени. Шанис е стара душа и многу е зрела, додека јас сум млад 49 - годишник со одличен став кон животот“ - продолжува тој.

Апликацијата која ја нарекоа iagegap.com ќе биде достапна во целиот свет. Пред да ја стартуваме, преку истражувањето на пазарот дознавме дека и разликата од пет години помеѓу партнерите ја доживуваме како старосен јаз.

View this post on Instagram

A post shared by Princess Shanice(@shaniceforwhat) on


„Сфативме и дека разликата во години е табу тема. Сакаме да го промени тоа. Постојат во многу култури и раси. Се надеваме дека нашата апликација ќе ги поврзе луѓето кои сакаат да ја пронајдат вистинската љубов, без оглед на старосната граница“ - говори парот и додава дека апликацијата веќе работи, но дека ќе биде потполно завршена следната година.

Додаваат дека сакаат да создадат подобар живот за луѓето како што се тие, но и за заедницата, пишува Metro.

„Доколку пар како нас може да се запознае и биде среќен, зошто не би им помогнале на другите да имаат полесен начин за запознавање и така можеби ќе ја пронајдат сродната душа“ - рече Шелдон.