Тој ја има најкрвавата работа во светот, а неговата исповед ја замрзнува крвта во вените
Донован 20 години од својата кариера посвети на отстранување на дамките од крв од сцените на криминалот во главниот град на државата, каде во просек се случуваат 95 убиства на ден.
Се зависи од тоа каде и како се пролеала крвта. Без разлика дали таа ги испрскала бањата, sидовите или душекот, дали убиството се случило внатре или надвор од зградата. Со ова, Донован Тавера - човек кој добива плата специјално за чистење сцени со крвави злосторства во Мексико Сити, почнува да се исповеда за својата работа, што е, без сомнение, една од најкрвавите во светот. Приказната на Донован е преглед на суровата реалност на животот во „светската престолнина на убиства“ и сцени што го прогонуваат до ден-денес.
Валкана работа
На некој начин, крвта и нејзините својства го фасцинираат, како и нејзиното ефикасно отстранување. Кога ќе пристигне на местото на злосторството, најпрво облекува заштитно одело, облекува маска и нараквици, а потоа внимателно ја анализира истурената крв и проценува колку време ќе потрае да ја заврши работата. За да може местото на злосторството да се исчисти правилно, потребни се и 20 часа...
- Се зависи од тоа каде и како се пролеала крвта. Дали таа ги испрскала бањата, ѕидовите или душекот, дали убиството се случило внатре или надвор од зградата - вели Донован и додава:
- Постои ризик да се заразите со заразена крв. Затоа е многу важен методички пристап и чекор-по-чекор чистење.
За да го подобри расположението, Донован понекогаш става слушалки додека работи, а претпочита да ги слуша „Black Sabbath“ и „Iron Maiden“. Вели дека видел сè во својата кариера, но едно искуство сè уште го прогонува денес: тинејџерка убиена во нејзината соба на крајно дивјачки и брутален начин.
Тој, исто така, добро се сеќава на еден од првите случаи во неговата кариера: еден постар човек се задавил од свое повраќање и лежеше во својата куќа неколку дена, а течностите протекоа од сите отвори во неговото тело.
За него е многу тешко кога луѓето на местото на злосторството му кажуваат за нивните чувства.
- Некои велат: Да се јавев малку порано, или пристигнав малку порано, сè ќе беше поинаку - вели Донован.
Ожалостените семејствата можат да го најдат Донован на Интернет, а документарен филм за неговата работа беше прикажан на мексиканската телевизија, благодарение на што тој стана познат.
Пред тој да исчисти на местото на злосторот, семејството на починатиот мора да добие сертификат од локалните власти за да ги исполни законските услови. Донован вели дека има луѓе кои премногу наплаќаат, земаат „крвави пари“ и создаваат уште повеќе хаос од оној што го затекле.
Нарко картелите во Мексико ја спроведуваат својата садистичка правда: ужано ги казнуваат тие со кои се искарани.
Донован, татко на деветгодишна ќерка, за прв пат го видел леш кога имал 12 години.
- Крвта згрутчена, затемнета и во различни нијанси. Тоа ме привлече. Никогаш не сум видел мртов човек, но не чувствував страв и гадење. Се прашував што ќе се случи со крвта на местото на злосторството - открива Донован.
После тоа, тој започнал да изучува медицински книги, списанија и статистика, а потоа пронашол публикација посветена на форензичко чистење. Во 2000 година, започна неговата морбидна кариера, за време на која тој во пракса го виде она што само претходно го прочитал.
Сопругата и ќерката на Донован ја ценат неговата работа, а Донован вели дека му биле потребни години да научи правилно да го стори тоа и дека денес е горд на својата професионална работа, што му овозможува да го нахрани семејството.
Луѓето се смееја пред него, кога ќе им рече дека е „чистач на местото на злосторството“, но сега тие разбираат за што зборува и повеќе не го прашуваат за смрдеата на местото на злосторството.
- Сè уште верувам во луѓето. Ќе продолжам да ја работам оваа работа уште многу години. Кога ќе завршам, луѓето често доаѓаат, ми благодарат и ми ја стискаат раката. А работа секогаш има- вели тој.