Тој најдобро знаел за состојбата на опозицискиот лидер: Ненадејно почина лекарот кој го лекуваше Навални
Починал аменик-главниот лекар на болницата
во Русија, каде што по труењето се лекувал, опозицискиот
лидер Алексеј Навални
Од болницата соопштија дека Сергеј Максимишин, заменик-главниот лекар, починал на 55-годишна возраст.
„Со жалење ве известуваме дека заменик-главниот лекар за анестезиологија и реанимација на итна болница № 1, професор на Државниот медицински универзитет во Омск, доктор на медицински науки Максимишин Сергеј Валентиновиќ ненадејно почина“, се вели во соопштението на болницата во Омск.
Да потсетиме, Навални беше примен во одделот за итни случаи во болница во Омск на 20 август откако му се слоши во авион. За време на хоспитализацијата на Навални, Максимишин не одржуваше прес-конференции. Како заменик главен лекар за анестезиологија и реанимација, тој беше еден од најстарите лекари во болницата, пренесува Индекс.
„Тој знаеше повеќе од кој било друг за состојбата на Алексеј.
Леонид Волков, шеф на кабинетот на Навални, потврди дека Максимишин бил одговорен за лекување на опозицискиот лидер.
"Сергеј Максимишин беше шеф на одделот каде се лекуваше Алексеј Навални и беше одговорен за неговото лекување, особено за да ја следи неговата медицински предизвикана кома. Тој знаеше повеќе од кој било друг за состојбата на Алексеј, па не можам да ја исклучам можноста дека ова беше кривично дело “, изјави Волков за Си-Ен-Ен.
"Од друга страна, рускиот здравствен систем е многу лош и не е невообичаено лекарите на неговата возраст да умрат ненадејно. Се сомневам дека ќе има истраги за неговата смрт", додаде тој.
Министерот за здравство на регионот Омск објави дека Максимишин работел во болницата 28 години и спасил илјадници животи.
Фото: Youtube/screenshoot/NBC News