Тој не е кукла, тој е вистински Кен: Потрошил 70.000 евра за својот изглед, имал повеќе од 80 операции
Филмот „Барби“ го полуде светот, а тој изгледа како вистинскиот Кен
Филмот „Барби“ го зафати светот. Главната улога ја толкува популарната актерка Марго Роби, која создаде незаборавен маркетинг со маестрални модни изданија на светска турнеја. Додека филмот ја истражува разликата помеѓу „животот на Барби“ и животот на жената во вистинското, модерно општество, социјалните мрежи се преплавени со жени во розови облеки кои прикажуваат оригинални креации на Барби.
Сепак, меѓу нив е и Бразилец по име Џуниор Бевилака. Кога изгледате како порцеланска кукла, лесно е да станете многу популарен. Многу следбеници на Инстаграм не можат да поверуваат дека Бразилецот личи на „човечкиот Кен“. Тој потрошил 70.000 евра за да го промени својот изглед.
Она што е интересно е што Џуниор не сака да открива колку години има, а тоа сигурно не можете сами да го сфатите бидејќи имал повеќе од 80 пластични операции. Како што вели, никогаш не му била намерата да изгледа така, туку самите луѓе го нарекувале Кен. Точно, многумина не му веруваат.
„Никогаш не ми беше намерата да личам на Кен. Само имав стил кој беше многу сличен на неговиот. Имав иста боја на коса, светли очи и модерна облека, па луѓето автоматски велеа дека личам на него, дури и пред операциите. Сите операции што ги имав беа за да го подобрам мојот изглед", изјави Џуниор. На Инстаграм во описот на неговиот профил пишува „официјален Бразилец Кен“, а како што вели, многу луѓе доаѓаат кај него и сакаат да се сликаат со него.