Толку големо досега не сте виделе: Во Тајланд пронајдено најголемото манго на светот (ВИДЕО)
Мангото е одлично овошје за здравјето и затоа треба да се
јаде што повеќе, а најголемото го има во Тајланд.
Една шолја од ова овошје содржи само 100 калории, препорачана дневна доза на витамин Ц, но и одредена количина на витамин А и витамин Б-6. Мангото исто така го отстранува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања, дава енергија и го подобрува здравјето на косата и кожата. Погледнете го видеото од најголемото мангово светот:
Здравствени придобивки од манго:
1. Го спречува стареењето на кожата – антиоксидансите кои ги содржи ова овошје позитивно делуваат на кожата, правејќи ја поеластична и помлада.
2. Ги елиминира симптомите на астма - ризикот од развој на астма е помал кај луѓето кои, меѓу другото, редовно консумираат манго, папаја, тикви и моркови.
3. Рак – докажано е дека хранливите состојки во ова овошје го намалуваат ризикот од рак на простата, како и рак на дебелото црево. Во некои студии, мангото дури и го намалува ризикот од рак на дојка, рак на белите дробови и леукемија.
4. Здравје на коските – витаминот К кој се наоѓа во манго ги зајакнува коските и ги прави здрави.
5. Дијабетес – студиите покажаа дека луѓето со дијабетес тип 1 кои консумираат храна богата со влакна имаат пониски нивоа на гликоза во крвта, додека оние со дијабетес тип 2 го подобруваат нивото на шеќер, липиди и инсулин во крвта.
6. Варење – шолја манго содржи 3 грама влакна. Токму благодарение на влакната, мангото овозможува и подобро варење.
7. Кожа и коса – мангото содржи големи количини на витамин А, кој е неопходен за здрава кожа и коса.