Том Круз изнајми цел кат од ресторан за 25 години помлада Русинка: Уживале на романтична вечера во Лондон

Странските медиуми неодамна ја пренесоа веста за наводната врска на актерот Том Круз и триесет и шестгодишната Елсана Кајрова, член на високото руско општество.

Како што сега пишува „The Sun“, Круз е толку вљубен во 25 години помлада Русинка што решил да изнајми цел кат од ресторан во Лондон.

Тој, како што е наведено, сакал приватност и да вечераат без љубопитни погледи, а на менито имало јастог и суши. По романтичната вечера, Елсина излегла на задната врата од ресторанот за никој да не ја види.

За потсетување, Елсина е ќерка на познатиот руски адвокат Ринат Каиров и поранешната сопруга на олигархот Дмитри Цетков, кој се занимава со трговија со дијаманти.Цетков подоцна проговори и кажа што мисли за новата љубов на поранешната сопруга.

„Без разлика со кого е, Том Круз или кој и да е, тие луѓе треба да бидат свесни дека сака пофини работи и има скап и луксузен вкус. „Том треба да ги држи очите, но и паричникот широко отворени“, рекол Дмитриј, пренесува Daily Mail.

Тој исто така рече дека за време на 11-годишниот брак со Елса, потрошил 10 милиони фунти на нејзината гардероба и уште 2 милиони фунти на чанти.

Фото:Instagram/tomcruise