Традиционално се прејадов за Бадник и Божиќ: Што да правам?
Празниците се замка за прејадување и пијанење. Баш тогаш треба сѐ да се изеде и испие. Баш тогаш мора да се наздрави со неколку литри вино или ракија, пиво или вотка... нормално, шишето во рака и „Среќи празници“... Без осет се јаде, празници се, мора да сѐ јаде и да се прејаде... Годината да била плодна, да се имало од сѐ по масите и од се' да се пробало, изело, испило...
Иако различни јадења се готват во големи количини на новогодишната ноќ, Бадник и Божиќ, треба да се почитуваат основните правила што важат во сите периоди од годината и храната треба да биде редовна, умерена и разновидна.
Менито треба да се прилагоди на сезоната и внимателно да се планира.
Кога станува збор за празничен ручек, умереноста подразбира дека можеме да го прескокнеме предјадењето и да избереме едно од главните јадења што се нудат по супата, на пример, само сарма или само печено месо, а не заедно и едното и другото.
Умерена исхрана е начин да се избегнат непосредни здравствени проблеми, како што се чувство на надуеност, нагони за повраќање или болки во стомакот, но и долготрајни ефекти кои можат да бидат различни, во зависност од нашата здравствена состојба, од скок на крвниот притисок до проблем со варење, што го отежнува хранењето.
Многу е важно да се нагласи дека доброто расположение не треба да е засилено со големи количини на алкохол, туку со убава музика, сплотеност и смеа!
Значи, клучот е во умереноста за сѐ!