Трагедија: Почина еден од нашите најдобри манекени- таков се раѓа еднаш на 50 години

Трагедиите не бираат ни место ни време. Тие удираат и завиваат цели семејства во црнина. Почина младиот Филип Алексовски, еден од најдобрите наши манекени.

Филип Алексовски е  роден на 1- ви Октомври 1993 година во Скопје. За прв пат се појавува на кастинг кај во Моделс Ин, неговата матична куќа во 2008 година, а потоа ги посетува курсевите во 2010 година. 

Од тогаш активно работи како модел кај нас и во Белград .Беше на роденденската прва реклама за Сити Мол,д ва пати заштитно лице на Румор шоп, за Битциани , Najk , Шизик на Ризик , реклама за Apple Bandit , реклама за Пепси , фотосесии за Fashionel.mk , ревии за Кокев , Made in Macedonia , FSWK , Risto Bimbiloski , Јован Петровски и последната за Британска Амбасада каде носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов.

Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност. Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик.

Неговиот менаџер, Алек Наумовски од Модел Ин ни изјави дека не знае како да ја опише тагата и шокот:

„За мене лично, тој беше квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години. Премногу ми е болно, не знам како ќе се справиме сите со тагата. Немаше здравствени проблеми, не е коронавирус, едноставно то тука му бил животот“, рече низ солзи Наумовски