Трансформира стар воз на пареа во скара: Неверојатна досетливост (ВИДЕО)

Еден маж го претвори стариот, неискористен воз на пареа во скара за време на карантинот.

Конор Алик, од Делаболе, Корнвол, се зафати за создавање на оваа уникатна скара за време на изолацијатасо наоѓање делови од стар воз на пареа во неговиот двор.

Сакаше скара за својата градина, но сакаше и да проба да пронајде нешто уникатно.

Скарата се одликува со предниот дел на возот, при што чадот од скара се филтрира низ оџакот, давајќи му изглед на вистински парен воз. Два вагониод возот се користат за складирање алатки и мирудии, додека скарата дури има и свои „шини, патеки за возот“ за одмор.