Третман на уринарни инфекции

Во секојдневната уролошка пракса една од најчестите патологии се секако уринарните инфекции на долниот уринарен тракт. Притоа најзастапен е т.н. цистит предизвикан од бактеријата Escherichia coli и тоа со поголема застапеност кај сексуално активната женска популација. Други ризични групи на пациенти се постара и слабо подвижна популација, бремени жени, жени во менопауза, како и мажи со бенигна хиперплазија на простата (БХП). Обично циститот се јавува како резултат на пад на имунитетот најчесто при: преладување , стрес, дијабет, бременост итн. Вообичаен ризик е и незаштитен полов однос, хируршки интервенции на урогениталниот тракт или постапки на катетеризација и цистоскопија.


Циститот има типични, лесно препознатливи симптоми:болка и печењепри мокрење кое оди доста тешко, болка во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска, болка при сексуален однос, итност при мокрење и зачестено мокрење, хематурија, матна и темна урина со непријатен мирис. Во ваква ситуација на пациентите им се советува соодветен хигиенодиететски режим кој подразбира : одмор, внесување на најмалку 2 литра вода дневно, комплетно празнење на мочниот меур со мускулна масажа, мокрење по секој полов однос и хигиенско бришење (од напред према назад). Корисни може да бидат и додатоци во исхраната на база на Д-маноза и специфични пробиотици (S.Boulardii) кои се врзауваат за бактеријата Escherichia coli и по механички пат ги намалуваат нејзините концентрации во мочниот меур со што се намалуваат непријатните симптоми. Овие додатоци се безбедни за употреба во период од 1 недела до 6 месеци и значајно ја намалуваат појавата на рецидиви а може да се користат и паралелно со антибиотската терапија. Во случај на силно изразени симптоми, повторливи инфекции и/или позитивен антибиограм со над 100,000 единици бактерии во мл. урина, задолжителна е употреба на антибиотици. Иако традиционално се користеа стандардни антибиотици со широк спектар (пр.амоксицилин+клавулонска киселина) и уроантисептици  (пр.нитрофурантоин) во поново време се користат специфични антибиотици за уринарни инфекции, а пред се фосфомицин поради ефикасното и прецизно делување на причинителите во уринарниот тракт, ниската појава на резистенција и можноста за еднократна примена што значајно ја подобрува соработката на пациентите.

Антибиотската терапија може да се унапреди со паралелна употреба на соодветен пробиотик кој меѓудругото ќе ги намали и несаканите ефекти (дијареа).

Др.Димо Коцев, специјалист по урологија

*ПР објава