Трогателна приказна за млад човек кој прогледал на 25 години: Не осудувајте никого, за да не ве осудуваат другите!
Сигурно многу пати сте слушнале дека никого не треба да судите, а на оваа тема има дури и неколку поговорки
Првата причина зошто никогаш не треба да осудувате никого е тоа што сигурно не ги знаете сите детали! Дури и кога се во прашање самите актери на случувањето или блиски луѓе со нив, тие имаат тенденција да сокријат или да додаваат одредени детали, кои многу често немаат врска со вистината. Тоа е едноставно човечка природа.
Оваа приказна уште еднаш ќе ве убеди во тоа, а вие обидете се да не судите, за да не ве судат и вас на ист начин, пишува „Мојкутак.овх“.
„Постар човек влезе во возот со неговиот 25-годишен син и тие седнаа на своите места. Младиот човек седна покрај прозорецот. Штом тргна возот, младиот човек ја извади раката низ прозорецот за да го почувствува струењето на воздухот и одеднаш возбудено извика:
- Тато, гледаш ли како сите дрвја се враќаат назад!
Постариот човек само се насмевна на тоа. До младиот човек седеше брачен пар. Малку ги збуни 25-годишникот кој се однесуваше како мало дете. Одеднаш, младиот човек повторно воодушевено извика:
- Тато, го гледаш езерото и животните... Облаците патуваат заедно со возот!
Брачната двојка продолжи збунето да гледа на чудното однесување на младиот човек, во кое неговиот татко, би се рекло, ништо чудно не пронаоѓаше. Почна да врне и капките дожд ја допреа раката на момчето. Повторно се исполни со радост и ги затвори очите. И тогаш тој извика:
- Тато, врне, водата ме допира! Дали гледаш, тато?
Сакајќи некако да помогне, брачната двојка го праша постариот човек:
- Зошто не го однесеш син ти на клиника на консултација?
Постариот човек одговори:
- Само што излеговме од клиника. Денеска мојот син за прв пат во животот прогледа...“
Извор: www.biscani.net