Трошни куќи наспроти домови со базени: Погледнете како изгледа кога само ЕДНА ЛИНИЈА ги дели богатите и сиромашните!
Фотографот Џони
Милер користел дрон и ги забележал нереалните граници меѓу богатите и
сиромашните луѓе ширум светот.
Имено, тој го започна својот проект „Нееднакви сцени“ пред две години за време на престојот во Јужна Африка, а потоа реши да патува низ целиот свет и да ги сними овие нереални сцени. Кенија, Танзанија, Индија, Америка, се само некои од многуте земји во кои тој ги забележа овие, како што рече, „длабоко вознемирувачки слики“.
Милер за „Дејли меил“ истакна дека е тешко да се согледаат тие разлики од земјата, но дека разликата и поделбата е очигледна од воздухот.
- За време на сите овие години на фотографија, ги сметам за најмоќни оние кои беа снимени од воздухот. Границата меѓу богатите и сиромашните е нереална. Понекогаш таа граница е само ограда, а понекогаш и пат, мочуриште. Од едната страна се трошни колиби кои луѓето ги граделе со свои раце, додека од другата страна има вили со базени. Луѓето од целиот свет сметаат дека моите воздушни фотографии се моќни. Овие слики ја прават нееднаквоста релевантна - рече Милер за „Сан“.
Тој додаде дека неговиот проект има за цел да обезбеди нова перспектива за нееднаквоста и да најде луѓе кои ќе се вклучат во овој, како што вели, очигледен проблем.
Фото и Видео: Youtube