Трпел страшни болки во стомакот, па отишол да направи рентген: Лекарите не можеле да се соземат

Фото: Youtube/screenshoot

Ножици беа извадени од стомакот на еден маж од Виетнам, 18 години подоцна, откако лекарите ги „заборавиле“ внатре за време на операцијата.

Хируршки ножици долги 15 сантиметри, 'рѓосани и скршени, биле успешно отстранети од Ма Ван Нат (54). Нат имал сообраќајна несреќа во 1998 година, по што бил опериран во истата болница на северот на Виетнам.

Ма Ван почувствувал остри болки во стомакот, па лекарите го испратиле на рентген, на кој се виделе ножиците во стомакот. Ма Ван Нат успешно се опорави од операцијата и  во моментов живее нормален живот.