ТУРСКИ ГРАД БЕЗ ЖРТВИ И РАЗУРАНАТИ ЗГРАДИ - иако се во близина на епицентарот, жителите спасени благодарение на еден човек

Среде турската провинција Хатај, која земјотресот ја претвори во безлични купишта урнатини под кои загинаа десетици илјади луѓе, стои градот Ерзин.

Неговото име стана познато, окако се проширија вестите дека Ерзин, кој има 42 илјади жители во оваа катаклизма немаше ниту една жртва и ниту една урната зграда.

Во ниту еден од серијата турски земјотреси со застрашувачка сила, од кои два беа катастрофални од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ниту една станбена зграда не се урна во Ерзин: оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња џамии.

Никој не е убиен, никој не е тешко повреден, објавија бројни медиуми како турскиот Хуриет. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Твитер - printscreen