Турскиот готвач кој наплаќа 1.500 долари за стек изненади: Вака звучи гласот на Нусрет, а сите се прашуваат што не е во ред со неговата уста

За прв пат следбениците можеа да го слушнат гласот на познатиот турски готвач, но што е со неговата уста...

Турскиот готвач Нусрет Гокче е одличен шоумен и тоа го докажа со најновото видео каде за прв пат го слушаме како зборува на англиски.

„Чекај, чекај. Сакам да кажам нешто за Лондон. Лондон е мојот голем сон. Еден ден. Следниот ден. Секој ден. Цело време. Го сакам Лондон. Лондон е различен. Како злато“, вели Нусрет во видеото. 

Тогаш одговорил човекот зад камерата и го прашал Нусрет каков му е англискиот.

„Мојот англиски е речиси британски. Знаете... На здравје. Се надевам дека ќе се видиме наскоро во Лондон“, рекол готвачот на крајот од видеото.

Потоа следеа реакции на следбениците кои беа поделени околу тоа што го слушнаа.

„Прв пат го слушам како зборува“, „Ми се допадна повеќе кога молчеше“, „Што ти е човече со устата?!“, „Некој да ми го преведе ова те молам“, се дел од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)