Твитер му се одмазди на Канје Вест: Го суспендираше неговиот профил поради бројните навреди
Раперот Канје Вест, сопруг на старлетата Ким Кардашијан, кој неодамна се кандидираше за Претседател на Америка, а подоцна кандидатурата му беше одбиена, не престанува да шокира.
Нема крај на испадите кои ги прави овој човек.
По одржаните контроверзни говори кога пред огромна толпа на луѓе кога се спремаше да собира гласови за претедател, кажа многу приватни работи од бракот со Ким, (таа на твитет објави дека има биполарно растројство) некои многу лоши, а потоа плачеше, сега се чини дека мокри врз музичката награда „Греми“.
Но покрај испадите на социјалната мрежа Твитер тој ги прозва и издавачките куќи, откри доверливи договори, телефонски броеви и контакти, а бараше и очајнички помош од неколку познати личности.
Бидејќи раперот„ претерал со објавите“, неговиот профил на Твитер не е избришан, туку е блокиран на 12 часа. Ова го потврди и неговиот пријател, поранешниот кошаркар Рик Фокс.