Тврди дека е реинкарнација на Исус: Бил полицаец, а потоа одеднаш доживеал „будење“
Сергеј Тороп (59), кој тврди дека е реинкарнација на Исус и три децении води култ во Сибир, неодамна беше уапсен. Овој поранешен припадник на сообраќајната полиција е обвинет за организирање нелегална верска организација и изнуда на пари од следбеници, а се тврди и дека ги изложувал на емоционална злоупотреба.
Тороп (59), познат на своите следбеници како Висарион, кој ја изгубил работата како сообраќаен полицаец во 1989 година, рече дека имал „будење“ кога советскиот режим почнал да се распаѓа и во 1991 година го основал движењето сега познато како Црква на последниот завет.
- Јас не сум Бог. И погрешно е да се гледа Исус како Бог. Но, јас сум живото слово на Бога Отецот. Сè што Бог сака да каже, кажува преку мене - изјави Висарион за „The Guardian“ во 2002 година.
И го нашол, на езерото Тибаркул, што на јазикот на старите народи значи „божјо место“. Со своите следбеници, кои во тоа време броеле 5.000, изградил 40 села. Се зборуваше дека живееле необичен живот и секој ден му се поклонувале на Висарион. Луѓето ги виделе среде зима, на минус 40 степени како одат без чевли и речиси голи, а тоа го објасниле со зборовите: Кога го носиш Исус во себе, тој ти дава енергија.
„Новиот Исус“ издал 62 заповеди, кои се состоеле од вистински членови на законот, со клаузули и подклаузули. Според нивниот завет, пушењето и алкохолот се сметаат за најголем грев. Според членовите на оваа црква, „новиот Исус“ дошол да ги обедини сите религии, па овие христијани веруваат во реинкарнација, но и во календарот на Маите, кој за нив завршува во 2012 година - годината на големи промени.
Најважниот дел од молитвата - запознавање со Исус
Членовите на оваа црква имаат литургија која се одржува на ридот, на посебен дрвен олтар, каде меѓу другото се врши и ритуалот на сечење на светиот леб, кој подоцна им се дели на верниците. Потоа следи најважниот дел од церемонијата, воведувањето на Исус. Тој седи на една камена височина, на малку оддалеченост од верниците и под голем бел чадор за сонце. Облечен е во бела тога, исто како пред 2.000 години.
По молитвата, Исус силно ги затвора очите, а потоа и сите други се обврзани да ги затворат очите, обидувајќи се директно да се поврзат со својот водач на некое друго ниво.
Тие проповедаат веганство и им е забрането да разменуваат пари во комуната. Следбениците носат строго пропишана облека и ги бројат годините почнувајќи од 1961 година, годината на раѓање на Визарион. На мажите им е дозволено да имаат две жени, а самиот Визарион има две деца.
Неколку илјади негови следбеници денес живеат во низа оддалечени села во регионот Краснојарск во Сибир. Не е јасно што ќе се случи со групата сега кога нивниот водач е уапсен, ниту пак е јасно зошто властите започнаа акција во овој конкретен момент.
Тие живеат во „градот на сонцето“, имаат 62 заповеди и веруваат во реинкарнација
Тороп проповедал под името Визарион Исус низ цела Русија и на тој начин придобил со себе значителен број верници. Потоа се вратил во Сибир во 1995 година, за да најде место за својот „град на сонцето“.