Тврдина во морето станува карантин за милионери кои бегаат од коронавирусот

Тврдина од викторијанската ера No Man's била направена да ја заштити Велика Британија од инвазија, а денес може да служи како изолација за време на пандемија на коронавирусот.

Многу милионери погледнаа во оваа зграда и сакаат да се вселат од неа, бидејќи скоро секоја земја во светот започна да се бори против смртоносната зараза. До тврдината може да се стигне со брод или хеликоптер. Порано тоа беше хотел со четири ѕездички, 23 посебни простории и пет тематски кафулиња.

Може да стане луксузен дом откако сопственикот Мајк Клер поднесе барање за обнова и реновирање. Постојат три вакви тврдини во теснецот на Солент кои го одделуваат островот Вајт Собор од остатокот на Англија. А оваа тврдина  се наоѓа на околу 1,6 километри од базата на кралската морнарица Хантс во Портсмут.

Тврдината на брегот на југот на Англија може да стане атрактивна дестинација за домување, бидејќи сопственикот Мајк Клер реши да ја продаде минатиот септември. Во тоа време, се веруваше дека тврдините како „No Man's“ и „Спитбанк“ заедно вредат околу 8 милиони фунти, но сегашната состојба може да ја промени цената.

Тврдината има светилник, ласерско игралиште, ресторан и бања. Милионерот Мајк Клер побара од Советот на островот Вајт дозвола да ја претворат тврдината во единсрвено стамбено престојувалиште. Неговата компанија планира да го смени концептот на хотел кој ќе стане куќа со 15 спални соби.


Изолациска тврдина

Во времето кога не беше хотел, можеше да прими до 200 гости, со цена на една ноќ од 990 фунти. Туристите можеле да стигнат до тврдината само со брод и авион, проследено со забава во кафулиња или одмор во топла када на покривот на хотелот. Со површина од околу 9.200 квадратни метри, има 23 соби и персонал за гости, светилник, топли кади, сауна и хелипорт, пренесува The Sun.

Мајк Клер го купи „Форт Спитбанк“ во 2009 година, а „Тврдините на коњскиот песок“ и „No Man's “ три години подоцна.

Тврдините како оваа може да бидат совршено место за карантин. Милиони Британци се изолирани во своите домови поради пандемијата COVID-19. А многу од нив, посебно милионерите, поднелебарање за да живеат одредено време иолирани н тврдината.  Бројот на заразени лица во Британија во моментов е 2626, а 104 лица починале.