Уапсен братот на Сека Алексиќ: Пејачката се огради од него

Полицијата во Стара Пазова, Србија го уапси братот на познатата пејачка Сека Алексиќ, Неџад Рамиќ (41), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело изнуда. 

По овој повод Сека изјави за „Блиц“:

- 42 годишен возрасен човек само го избира своето друштво и е одговорен за своите постапки, јас апсолутно немам ништо со тоа и сè што тој прави, тој го прави исклучиво за себе.

Патем, постои сомнение дека Неџад Рамиќ, во неколку наврати, доаѓал во сервисен дуќан во Стара Пазова и со закани, од сопственикот барал исплата на 2.000 евра. За време на апсењето, во близина на осомничениот била пронајдена банкнота од 500 евра.

По наредба на надлежен обвинител, на Н.Р му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство во Стара Пазова.

извор:pulsonline.rs