Убави вести: Кинеските научници развија роботска риба која се храни со пластика

Роботските риби кои јадат микропластика би можеле да бидат спасителни во чистењето на загадените води. Тим кинески научници од Универзитетот во Сечуан развиле роботи кои се долги само 1,3 сантиметри и веќе успешно ја отстрануваат микропластиката во плитките води.

„Целта на кинеските научници е овие риби да можат да собираат микропластика во подлабоките води и да дадат информации за чистење на морето“, вели Ванг Јуан, еден од научниците кои го развиле роботот.

Црната роботска риба е мека на допир, а научниците можат да ја контролираат со светлина. Способна е да апсорбира се што јаде, а направена е од полиуретан, па дури и да ја изедат други риби, лесно се вари.

Може да плива со брзина од 2,76 должини на телото во секунда, што е побрзо од повеќето роботи.

„Ние главно работиме на собирање микропластика, но роботската риба може да се користи на многу начини“, рече Ванг, пренесува Индекс.


Фото: unsplash