Уби повеќе од 70 луѓе, а многумина не го осудуваат: „Совршен психопат“
Педро Родригес Филоха не е како другите, тој убива криминалци.
Стана познат откако реши да започне да убива сериски убијци. Аналитичарите кои се занимаваа со неговиот случај, сметаат дека тој е „совршен пример за психопат“.
Педро го почувствувал насилството додека бил во стомакот на мајка му. Секојдневното малтретирање и физичката злоупотреба на неговата мајка од неговиот татко, исто така, оставија влијание врз Педро. Веќе на раѓање, неговиот череп беше оштетен од силни удари.
На возраст од четиринаесет години, беше јасно дека тој не е како другите деца. Откако неговиот татко бил отпуштерн од затвор заради кражба на храна, Педро решил да му се одмазди на одговорното лице за отпуштање на неговиот татко- убивајќи го.
Потоа бил принуден да живее во постојано бегство. Воп целата таа голгота, успеа да се заљуби. Тоа беше девојка по име Марија Апаресида Олимпија. Сепак, Марија беше убиена од локална банда непосредно пред 18-тиот роденден на Педро.
Ги поминал своите тинејџерски години во одмазда. Тој сакаше оние што му ја одзедоа љубовта да платат за нивното дело.
„Кариера„ во затворот
Откако неговиот татко монструозно ја уби мајката на Педро, тој реши да не му остане должен. Бидејќи неговиот татко бил затворен, Педро го убил при една посета. Потоа го извадил срцето и го изџвакал.
Беше уапсен и затворен, а потоа убил уште 47 осудени криминалци во бразилски затвор. Зборувајќи со психијатрите, тој рече дека не се кае затоа што верува оти светот ќе биде подобро и побезбедно место без нив и дека никогаш не убил невин човек.
Локалните закони беа такви што Педро можеше да биде осуден само на 30 години затвор, иако бројот на неговите убиства постојано се зголемуваше. Тој беше ослободен во 2007 година и се проценува дека убил меѓу 70 и 100 други криминалци.