Убива за помалку од еден час: Најопасното и едно од најубавите езера на светот

Повеќето го сметаат за едно од најубавите светски езера. 

Езерото Карачај, кое се наоѓа на југот на планината Уран, претставува воедно и најопасно место на светот. За помалку од еден час време во близина на ова езеро може да примите смртоносна доза на радијација.

Во текот на четириесетите години на минатиот век, Мајак, руска тајна фабрика за изработка на нуклеарно оружје, е направена за изработка на плутониум за советскиот проект на атомски бомби.

Оваа фабрика, руската влада вешто ја криела, а дури 50 години подоцна Борис Елцин ја прогласил за отворен регион. Кога тоа се дознало, западните научници кои дошле до овој регион го прогласиле ова преубаво езеро најзагадено место на светот. До денес е така!

Бидејќи станало место за испуштање на радиоактивен отпад, не само што езерото станало загадено туку, и околните места, воздухот и водата. Забележан е пораст на заболени од рак за 21 процент, 25 отсто повеќе деца се раѓале со некои дефекти, а 41 отсто повеќе од луѓето добиле леукемија.