Учеше под улично светло затоа што немаше струја во куќата: Милионер направи нешто поради што сите му аплаудираат

Виктор Мартин Ангуло Кордоба има 11 години и живее многу сиромашно. Семејството нема струја дома, но тоа не му ја убило волјата за учење: домашната задача ја работи под улична светилка.

Надзорните камери го снимија како учи на напуштена улица, а видеото заврши на социјалните мрежи и допре многу луѓе, меѓу кои и Јакоб Јусуф Ахмед Мубарак (31), милионер од Персискиот залив. Решен да помогне, со првиот авион отпатува за Перу за да го побара Виктор.


Ја реновирал нивната куќа и додал еден кат, но тоа не е се: ѝ помогнал на мајката на момчето Роси да отвори продавница, а ветил и дека ќе го реновира училиштето на Виктор.