Украинскиот претседател Зеленски: Рускиот непријател трпи значителни загуби, го повикувам Путин да ја запреме смртта на луѓето

Русија наскоро би можела да започне голема војна во Европа, предупреди претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето последно обраќање, пренесува АФП.

„Можноста за војна зависи од вас“, му рече Зеленски на раководството во Москва. Како што наведе, руските лидери ја одобрија војната против Украина.

Тој рече дека ги продолжува разговорите со светските лидери и дека светот е со нив. Тој уште еднаш апелираше да се запре Путин, војната против Украина и светот. Тој повика на формирање „антипутинска коалиција“, итни санкции, одбрана и финансиска поддршка за Украина.

Зеленски додаде дека ги прекинува сите дипломатски односи со Русија. Непријателот трпи значителни загуби, ќе има уште, рече Зеленски.

„Вооружените сили на Украина се борат навистина жестоко, одбивајќи ги руските напади на исток, север и југ. „Иднината на украинскиот народ зависи од секој граѓанин на Украина“, рече тој.

„Сите кои имаат борбено искуство и можат да се приклучат во одбраната на Украина, веднаш нека го направат тоа.

Зеленски ги повика граѓаните да даруваат крв за повредените војници.

„Русија кукавички и самоубиствено ја нападна Украина, на ист начин како што тоа го направи фашистичка Германија во Втората светска војна. Нашите земји од денес се на различни страни од светската историја. Руската држава е на патот на злото. Но, многу ќе зависи од рускиот народ “.

Зеленски рече дека ќе ги укине сите казни за сите граѓани на Украина кои се подготвени да ја бранат земјата во рамките на територијалната одбрана со оружје во рацете. „Ќе му дадеме оружје на секој што сака да ја одбрани државата. „Бидете подготвени да ја поддржите Украина на плоштадите во нашите градови“, рече тој.

 Тој му предложи на рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса.

„Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Русија. „Да седнеме на преговарачка маса за да ја запреме смртта на луѓето“, рече Зеленски во видео обраќањето објавено на Телеграм.